Дознајте кои се предностите на канцелариските и гејмерските столчиња! | Велеа Хоум

 2023-02-13

Дознајте кои се предностите на канцелариските и гејмерските столчиња!

Во современиот свет, столот е еден вид центар на нашето секојдневие. Постојат многу професии во кои работниот ден поминува во „прегратките“ на ова важно парче мебел. Освен за време на професионалните ангажмани, кога седиме на него со часови, исто толку време поминуваме и кога се забавуваме во виртуелниот свет.

Столот е важен дел од модерниот дизајн на паметните работни места и не е важен само неговиот изглед, туку и неговата функционалност. Тој има одлучувачка улога не само за нашата удобност и благосостојба, туку и во одржувањето на нашето добро здравје.

Неговата флексибилност овозможува брзо и практично извршување на различни активности во канцеларијата и во домот. Затоа, главните насоки за избор на канцелариски и гејмерски столчиња  вклучуваат не само стилски изглед, туку и вклопување во внатрешниот интериер. Поради тоа иновациите во производството на нови производи се насочени истовремено кон зголемување на нивната ергономија и мултифункционалност.
Новите трендови во овие две групи столчиња ги прават „срцето“ на работните фокусни области.

Кои се предностите на канцелариските столчиња?

Канцелариските столчиња се дел од флексибилните работни места, комбинирајќи грижа за удобност и стимулирање на креативноста. Нив истовремено можат да ги користат различни вработени или да се „спојат“ со оној за кој е наменето специфичното место. Овие современи парчиња мебел имаат единствена способност за персонализација, односно да создадат чувство дека се создадени за конкретната  личност.

Уште од првиот контакт со нив се јавува чувството на пријатност и удобност. Висококвалитетниот тапацир е изработен од густа полиуретанска пена обложена со мека еко-кожа со еластична структура. Материјалот кој се користи за тапацир се карактеризира со отпорност на триење, што гарантира не само добар изглед, туку и долгорочно користење. Достапен е во различни бои и нијанси, така што се усогласува со модерното опкружување на внатрешниот интериер.

Многу модели од оваа група столици се со по четири тркала, што овозможува мобилност во работната средина. Ролните тркалца се дизајнирани за најразлични типови на подови.
Со преместување, вработениот само ја менува позицијата, но останува во својата удобна и позната зона. Така, канцелариските столчиња играат значајна улога во намалувањето на стресот при извршување на различни професионални обврски.

Бидејќи пазарот ни нуди огромна разновидност на модели, кога избираме канцелариско столче, мора да се запознаеме со сите оперативни карактеристики што ни ги нуди избраниот модел. Без разлика дали овој предмет е купен за деловна употреба или за домашна употреба, карактеристика треба да биде нивото на удобност што ќе ни го понуди. 

Голем  дел од моделите на канцелариски столчиња се опремени со амортизер за гас, кој игра голема улога во обезбедувањето на посакуваниот комфор. Важна карактеристика  треба да е и можноста за прилагодувањето на висината на седењето, што е експлицитно треба да е назначена и да  овозможува индивидуално прилагодување на истата.

Можноста за ротација, која варира до 360°, е исто така важна за флексибилноста на канцелариските столчиња.

Откако ќе го направиме ова прилагодување и ќе ни биде удобно на канцелариското биро или работната маса, следниот момент е да ги „наместиме“ потпирачите за раце. Така да положбата на рацете може да се прилагоди според активноста што се врши, како и лесното менување на положбата на потпирачите за раце. Во некои случаи, за нивната основа се користи хромиран метал, но нивниот тапацир е секогаш пријатен на допир.
При дизајнирање на страничните потпори на канцелариските столчиња, водечка улога има принципот на ергономијата.
Чувството на удобност е надополнето кај некои модели од т.н механизам на пеперутка. Тоа создава чувство како столчето  да ве обвива со „крилја на пеперутка“.
Додатоците на канцелариските столчиња обезбедуваат правилна работна позиција, што е од големо значење за превенција од разни болести на скелетниот- мускулносистем.

Како гејмерскиот стол може да обезбеди уникатно ускуство и релаксација во виртуелниот свет? 

Гејмерските столчиња се погодни не само за љубителите на игри, туку и за луѓе кои работат онлајн. Во последните години, целата група на овие производи постојано се проширува. Тие се наменети за долг престој во седечка положба и затоа се опремени со „додатоци“ кои овозможуваат не само правилна положба на 'рбетот, туку и лесна можност за маневрирање. Кога се користат за забава, овозможуваат целосно опуштање на телото во одредени периоди.
За изработка на нивната надворешност се употребени современи материјали како полнење од полиуретанска пена обложена со еко-кожа. Тие обезбедуваат мекост и пријатен допир, истовремено се лесни за чистење и одржување. Нивната атрактивна визија создава асоцијации на потопување во друг свет. Разновидноста на тапацирни материјали овозможува интимност и спојување со конкретниот внатрешен ентериер.

Тркалата со ролери обезбедуваат мобилност за време на патувањето во реалното опкружување исто и во виртуелната реалност.

Гејмерските столови се опремени со сите потребни дотатоци  за да се обезбеди удобност. Тука се има во предвид на  удобна потпора на телото, гарантирајќи неограничена подвижност на торзото и рацете.

Имаат широк опсег на прилагодување на висината на седењето, за што улога игра амортизерот за гас. Вртењето исто така варира до 360 степени. Покрај движењето во различни насоки, некои столчиња за игри имаат и дополнителен вграден механизам. Тој му дава можност на телото да завземе речиси хоризонтална положба која обезбедува релаксација на целото тело. Механизмот пеперутка создава таква удобност, како да се наоѓате во топлата прегратка на саканата личност.

Кај некои гејмерски столчиња , постои и можност за лулање, што овозможува лет на имагинацијата - во детството, како и во некоја импровизирана лежалка на плажа или во шума.

Интересно е што овој модерен подвижен мебел не се грижи само за нашето тело, туку и за нашето духовно здравје, создавајќи пријатни и  позитивни емоции.

Различните модели создаваат стабилна поддршка за целиот грб, вклучувајќи ги и сите  негови поединечни области. Ова е исклучително важно не само за удобноста, туку и за добрата состојба на сите коски, зглобови и мускули. Во оваа насока е и можноста за подесување на потпирачите за раце.

Потпирачите за раце се индивидуално прилагодливи и овозможуваат долготрајна работа. Целокупниот дизајн на овие столчиња им овозможува на гејмерите или работниците да вршат различни активности без чувство на умор или било каква непријатност. Нивната разновидна функционалност ги прави да се неопходен дел  од секојдневниот живот.

Целокупната ергономија на моделите обезбедува поддршка за работниот процес и целосна удобност за време на забавата. Кога користите гејмерско столче  се чувствувате поврзани со него поради сеопфатната удобност.

Следете не