ИНСПИРАТИВНИ ИДЕИ ЗА ТИНЕЈЏЕРСКА СОБА | Велеа Хоум

 2023-05-19

ИНСПИРАТИВНИ ИДЕИ ЗА ТИНЕЈЏЕРСКА СОБА

Спалната соба на Вашето дете е многу повеќе од место за спиење. Тоа е неговото приватно катче за  учење и релаксација по стресниот ден на училиште. Неговиот личен простор треба целосно да одговара на сè што тој/таа си замислува. Затоа, додека размислувате за функционалноста и правилната комбинација на бои, прашајте го вашиот тинејџер што очекува од неговата соба.

Најдобар начин да започнете со идеи за тинејџерска соба е да размислите за работите што Вашиот тинејџер навистина ги сака. Поставете се на неговото место и видете ја детска соба и светот низ неговите очи.

 

Тинејџерите се склони да имаат различни гледишта од возрасните, па затоа не треба да очекувате веднаш да им се допаднат Вашите идеи. Доколку сепак сакате да се приближите што е можно поблиску до нивниот избор, еве неколку испробани идеи на кои што можете да им ги предложите:

 

Дајте им простор да создаваат

 

Бидејќи повеќето тинејџери се опседнати со поп-ѕвезди, музичари и инфлуенсери, размислете да вградите ноти на холивудскиот гламур во нивните идеи за тинејџерска соба. Сепак, оваа тема не е само украсување со постери или фотографии од нивните омилени поп ѕвезди.

Вклучете впечатливи бои во нивната спална соба и дозволете им да ги декорираат нивните ѕидови со постери и ѕидни завеси кои го одразуваат нивниот вкус и стил  кој постојано се менува. И не заборавајте да го поттикнете вашиот тинејџер да ги предложи своите идеи за декор на неговата соба.

 

 

Разнобоен и функционален или едноставен и лежерен стил

Девојчињата често сакаат различни и живописни бои за нивната спална соба. Затоа, ако барате идеи за соба за девојче , направете ја шарена и функционална. Ако преферирате смели нијанси, не заборавајте да ги комбинирате со бела постелнина. Мебелот и додатоците треба да создадат шик и пријатно одморалиште во кое вашата тинејџерка ќе се чувствува удобно. Еден тапациран кревет во нејзината омилена боја дефинитивно ќе биде главниот акцент на собата.

Во врска со идеите за  спални соби за момчиња, лежерниот изглед може да биде подобра идеја од различните теми за тинејџерски ентериер. Ако вашиот тинејџер сака да чита, одвојте пријатно катче за читање за него. Во едниот агол ставете полица за книги, во другиот удобна фотелја или софа и клуб масичка.

 

 

Погрижете се мебелот да биде доволно едноставен , за да одржите лежерен стил. Изберете бои и дезени кои зрачат со удобно чувство. Со текот на времето, можете лесно да направите промени во неговата соба ако тој сака, бидејќи не се држите до строга тема. Само мала промена на декорот, нова светилка или тепих и собата ќе добие сосема нов изглед.

 

Не ги пропуштајте местата за складирање

 

Повеќето родители би се согласиле дека тинејџер и уредна соба е невозможна мисија. Одлично решение за ова е да вклучите паметни опции за складирање што ќе му се допаднат и на вашето дете. Тоа може да бидат табуретки и сандаци за складирање, кревети со простор под душекот. И за да заштедите простор, насочете се  на високи комоди со удобен распоред.

 

 

Додатоци за складирање, особено за тинејџерки, се исто така важни. Ова е периодот на „првите чекори во разубавувањето“. Размислете за удобен мебел со фиоки и тоалетни маси специјално за таа намена, со кутии за шминка и накит.

 

За храбри тинејџери

 

Смелите и енергични идеи за спални за тинејџери често се составени од палети на темни бои во комбинација со ексцентрични понуди инспирирани од модата.
Може да вклучите постелнина со повеќе бои, шарени теписи и тапети со различни шари за да се постигне ефект на свежина..

 

 

Додека повеќето возрасни би сакале нивните соби да бидат мирни и непретенциозни, концептите на ентериерот на тинејџерските соби се живи и полни со енергија. Фокусирајте се на ѕидовите за да создадете храбар и живописен изглед, бидејќи ова е обично најголемата површина во нивната соба.

Закачете ѕиден принт со персонализиран декор, налепници со светли бои , или ако Вие и Вашето дете сте уметнички надарени, вклучете и сопствени уметнички дела.

 

Повеќенаменска соба

 

Спалната соба на вашиот тинејџер е повеќе од место за спиење. Кога ќе почнат да стануваат независни, ќе им треба простор каде што ќе можат да учат, да се одморат и да поканат пријатели. Ако сакате да креирате мултифункционална спална соба, вклучете простор за учење и место каде што вашето дете може да се релаксира со своите пријатели.

Ако просторот во спалната соба е ограничен, има многу креативни идеи за декорација на собите. Една од нив е распределбата на вертикална зона за учење. Креветот на спрат е исто така добро решение, особено кога собата е заедничка.

 

 

Боите би можеле да ги користите и како визуелена преграда  на просторот - делот за спиење во собата треба да биде во една боја, а делот каде што детето создава или се забавува - во друга негова омилена боја.

Не заборавајте  да ги земете во предвид и желбите на вашиот тинејџер. Овие млади луѓе се на прагот да станат возрасни личности и на нив особено им е важно да се почитува нивното мислење на оваа возраст. Исто така, се работи за нивната соба или нивното „сè“.

 

Следете не