- Купување на производи со Картичка Велеа Хоум и услови за учество во програмата
Секој клиент на веб страницата кој одговара на следните критериуми:
1. Секое способно физичко лице, со завршена 18 годишна возраст со место на живеење на територијата на Р. Северна Македонија.
2. Лицето кое се регистрирало во веб страницата, кога ќе го пополни онлајн формуларот за добивање на Картичка “Велеа Хоум”, во кои се посочуваат следните податоци: име и презиме, возраст, населено место, телефон, е-пошта и изразување согласност за обработка на неговите лични податоци со маркирање на одбележаното поле /checkbox/ во форма на регистрација.
3. За регистрација неопходно е да се создаде профил со правилно пополнување на горенаведените лични податоци. Клиентот треба да даде согласност, со маркирање на полето предвидено за ова, да добива информации за специјални понуди на е-пошта наведена за време на регистрацијата. Регистрацијата завршува со избирање на виртуелното копче "Регистрирај се". Откако ќе се создаде виртуелната Картичка Велеа Хоум , клиентите ќе можат да ја видат на својот профил. На неа го има името на сопственикот, создадена од податоците под точката 2. од ова поглавје, кое клиентот го навел за време на регистрацијата, заедно со единствен сериски број.
4. За корисниците со постоечка претходна регистрација од програмата “Лојален клиент”, не е неопходно повторно да се регистрираат.
5. За корисниците кои започнуваат регистрација во програмата „картичка Велеа Хоум“, но без регистрација на страницата, даваме можност создавањето на профил на клиент на страницата да се прави автоматски со пополнување на формуларот за регистрација во програмата.
6. Откако ќе се генерира на виртуелната „ картичка Велеа Хоум“, учесниците во програмата можат да го искористат попустот што го дава трговецот за специјално обележаните производи. Во описот на секој од овие производи ќе биде наведено во посебно поле со „Картичка Велеа Хоум“. Оваа цена ќе биде индивидуално посочена на страницата за конкретни производи.
7. Учество во програмата „Картичка Велеа Хоум“ може да се побара во секој наш салон или на оператор „ Call - / информативен центар“ под слични услови.
8. По успешна регистрација за програмата и генерирање на виртуелната „Картичка Велеа Хоум“, правата на истата може да се користат без оглед на начинот на нарачување на идните нарачки (во продавница или на веб страницата).
9. Недостатокот на регистрација во никој случај не го ограничува правото на другите нерегистрирани клиенти да купуваат слободно од страницата velleahome.mk.
10. Попустите обезбедени од трговецот во рамките на програмата “Картичка Велеа Хоум” не можат да се комбинираат со други попусти и активности.
11. Во случај на промена на личните податоци или податоците за контакт, клиентот треба да ги направи истите промени во својот профил. Во случај клиентот да не направи корекции на податоците, сите известувања / пораки за програмата ќе се сметаат за соодветно испратени до наведените податоци од клиенти.
12. Клиентот има право во секое време или по извршувањето и уплатата на тековната нарачка за деактивирање на “Картичката Велеа Хоум”, со што се откажува од сите права според програмата. Ова може да се направи преку профилот на клиентот на веб страницата.
13. Организаторот го задржува правото да ги промени Општите услови на програмата, да ја деактивира картичката во сите случаи на злоупотреба од клиентите, како и да ја промени постапката за издавање картички и обезбедување попусти.
14. Организаторот има право да ја прекине иницијативата „Картичка Велеа Хоум“ во секое време во случај на злоупотреба од клиенти, нарушување на општите услови, технички или непредвидени околности, со известување на клиентите контактите предостањени од нив. Нарачките направени до моментот на известувањето ќе се сметаат за прифатени и за извршување од страна на Организаторот. По испраќањето на известувањето од страна на Организаторот до клиентите, нарачките може да влезат во системот на Организаторот, но тие нема да бидат извршени.
15. Ако имате какви било прашања во врска со иницијативата “Картичка Велеа Хоум”, можете да се обратите за информација во наш салон, на е-мајл [email protected] или да се јавите на 025102424.
16. Би сакале да ве известиме дека согласно сегашното законодавство имате право да се жалите за начинот на обработка на вашите податоци до надзорното тело Комисија за заштита на лични податоци, Софија 1592, бул. Цветан Лазаров “№ 2 или www.cpdp.bg.
17. Ако имате било какви прашања во врска со заштитата на личните податоците, можете да се јавите кај задолжено лице за заштита на лични податоци на Велеа Хоум EOOD, г-ѓа Нина Владимирова, на е-мајл: [email protected]
Овие Услови и правила се објавени и валидни од 08.07.2019 година, / последен пат ажурирани на 01.09.2021 година/