2024-10-28

Како да ја претворите кујната и трпезаријата во пријатно и функционално катче

Во модерните домови, дневната е најголемата соба. Во неа обично се наоѓа  и трпезаријата. Така да се каже, трпезаријата одамна е "отстранета" од кујната, и затоа, при изборот на мебел за трпезаријата, неизбежно ја земаме во предвид и внатрешноста на дневната соба.

Сепак, некои луѓе претпочитаат старите правила да не се менуваат  и трпезариската маса да си остане во кујната. Ова е често попрактична опција. Трпезариската маса се претвора во парче мебел 2 во 1 – од една страна служи за јадење, од друга за готвење. Ако сте и вие поддржувач на овој метод на уредување, тогаш следниве редови се за вас.

Создавање удобност со тапациран мебел во кујната

Да почнеме со некои не толку класични предлози. Да, тапациран мебел во кујната звучи малку невообичаено, но тука зборуваме за кујнските аголни гарнитури. Тие се исклучително удобни и практични. Тие совршено го апсорбираат аголниот простор на собата, а исто така можат да обезбедат дополнителен простор за складирање. Покрај тоа, ако изберете модел со функција за спиење, лесно можете да го претворите ова парче мебел во дополнително место за сместување гости.

Тапациран мебел секогаш го "релаксира" ентериерот, создава мекост и чувство на удобност. Изборот на боја и дезен на дамастот може целосно да го промени изгледот на просторијата. Изборот на модел зависи од просторот и неговите димензии. Ве советуваме да обезбедите доволна количина на "воздух" помеѓу вашиот мебел. На овој начин ќе создадете одредена поделба помеѓу кујнските шкафови и трпезаријата. Запомнете дека мал простор не сака темни и абсорбентни бои.

Трансформирачки мебел: Практични решенија за мали простори

Тркалезната маса е одличен избор ако одлучите да и дадете централно место во собата. Во други случаи, можете да изберете класични правоаголни или квадратни маси, и ако немате доволно простор можете да изберете модел со дополнителна странична екстензија.

Домашен Бар: Создадете уникатна и екстравагантна трпезарија

Ова е одлична идеја за храбрите од вас кои барате нестандардни решенија во ентериерот. И особено ако сакате да одвоите повеќе простор за да создадете голема кујна со се што ви треба во неа.

Трпезаријата може да биде не само место за јадење, туку и интересна и екстравагантна просторија. И ако исто така располагате со поглед, вашиот домашен бар ќе биде уште попривлечен за вашите вкусни вечери со коктел во рака.

Максимизирање на просторот: Практични совети за кујната и трпезаријата

Покрај место за готвење, кујната е и место за чување работи. Затоа, вреди да се разгледа ова при изборот на кујна во комбинација со трпезарија. Во секој случај, две одделни простории ќе делат заеднички простор, но со добра организација и избор на вистински мебел, сѐ ќе излезе како што треба. Искористете го максимумот од просторот на висина. Оставете ги преградите и шкафовите да бидат доволни за да го "скриете" вашиот прибор за готвење. Добрата кујна е опремена со паметни електрични апарати. Но, следува и оптималната организација на просторот.

Во овој поглед, модулите се многу релевантни. Некои модели нудат широк спектар на конфигурации дури и за најнестандардните простори. Други имаат вградени организатори, сервиси, садови и други кујнски прибор.

Како вистинските додатоци можат да додадат удобност и стил во трпезаријата

Не заборавајте да го пренесете расположението на вашата кујна со трпезарија. Во овој поглед, додатоците се неопходен асистент. Да почнеме со масата - главниот акцент. Без разлика кој текстил ќе го изберете - чаршав, тешлајфер, подлоги за јадење и салфетки, изборот на вистинскиот принт и бои секогаш ќе ја додаде саканата удобност и хармонија. Столчињата исто така можат да добијат сосема нов изглед со тоа што ќе преобразите во нови обоени навлаки.

Кујнскиот прибор е исто така сигурен помошник во готвењето. Дали некогаш сте се запрашале колку надвор од контрола може да биде готвењето ако вашите зачини не се добро  организирани? Различни видови кутии, тегли, чинии и организатори, исто така, можат да ве воодушеват со нивните интересни дизајни со кои ќе ја красат вашата кујна.

Неговото Височество послужавникот е присутен во културата на храна со векови. Но, денес тоа е уметнички скапоцен предмет на кој што ја сервираме нашата омилена храна и пијалоци. Некои модели имаат дури и стаклен капак за да ја зацуваат долго трајноста на вкусот и самиот рок на употреба на производите.

Сервисите за јадење не изненадуваат уште повеќе со нивната разновидност - од класични модели до уметнички композиции со вистинска разновидност на стилови и форми. Подобро е да изберете на повеќе од еден модел за да донесете повеќе нови и свежи додатоци во вашиот ентериер. Чашите за вода и сок направени од обоено иридентно стакло и украси се уште еден акцент кој што не треба да го пропуштите.

Голема или мала просторија, способноста правилно да ја организирате ќе ви овозможи да ја покажете нејзината најдобра страна. Запомнете дека секој простор може да стане ентериерна сензација со доза на вкус, вистинските решенија и неколку добри идеи. Во Велеа Хоум ќе најдете се што ви треба за да ја отелотворите вашата визија  – од функционален мебел до стилски додатоци кои ќе дадат целосен изглед на секоја просторија.

Следете не