2023-02-27

5 Идеи за организирање на дневната соба

Дневната соба е главен простор во кој поминуваме најмногу време во домот. Дури и семантиката на зборот сугерира дека во него поминува нашиот ден, но во реалноста и времето после работа. Без разлика дали се работи од домот „home office“ или не, дневната соба е местото каде што ги  извршуваме разните секојдневни активности. Најновите трендови за внатрешен интериер  сугерираат како да се организира овој простор за да биде мултифункционален. Може да обединиат различни области - да биде трпезарија, место за одмор и семејно гледање телевизија, да има работно катче со биро, простор за одмор итн.

Понекогаш овие различни области се со отворен пристап, истовремено и одвоени и сврзани во една заедничка просторија. Во други случаи, тие може да се одделат со прегради или дури и со мебел што ја игра оваа улога. Без оглед на тоа која опција ќе ја изберете, дневната соба мора да има некој заеднички концепт како што се изборот и распоредот на мебелот, како и нивната севкупна хармонија на бои.

При спроведувањето на проектот за опремување на дневната соба, најчесто се движиме со „мали чекори“, избирајќи го индивидуалниот мебел - масата и столовите за трпезаријата, комодата за телевизорот, полиците, работна маса, софата или аголната гарнитура.

Идеа №1: Акцент на трпезаријата

Трпезаријата е „срцето“ на домот, каде што јадеме заедно со семејството. Овде ги пречекуваме и гостите, па затоа нејзината локација треба да биде правилно избрана. Треба да „одговара“ на кујната за да го олесни послужувањето. И во  исто време,  да биде „отворена“ и да има визуелен контакт со комодата на која е поставен телевизорот. Ако сакате да поминете квалитетно време со вашите најблиски, можете да го одделите со лизгачка врата или други опции за преграда.

Трпезариската маса и столчињата што доаѓаат кон неа треба да пружат удобност и да се одликуваат со стил и квалитет. Најразлични модели од истите се достапни на пазарот во однос на дизајнот и функционалноста. Посебно практични се трпезариските масите што се продолжуваат, кои можат да се користат за секоја пригода и да прифатат различен број луѓе. Трпезариските маси  често се комбинираат со соодветни столчиња.

Многу од масите се направени од МДФ (плоча изработена од дрвени честички со средна густина) или ламинирана иверица. Интересни се опциите обложени со фурнир од иверица од бука. Кај нив самиот  дрвениот декор зрачи со топлина и го засилува чувството на пријатност. Покрај тоа, површините можат да бидат покриени со високоотпорна лак облога, зачувувајќи ги квалитетите на самиот природниот материјал.

Трпезариските маси  каде што горниот дел е комбинација од дрво и стакло се исклучително стилски. Ногарките на некои од масите се изработени од обработено цврсто буково дрво, и истите се одликуваат по цврстина и издржливост. Доаѓаат со приклучоци кои се лепат на дното од самата ногатка и го штитат подот од гребнатини.

Моделите што можат да се прошират се опремени или со механизам на растегнување  или со механизам на лагер , но и двете опции се одликуваат со функционалност.

Идеја №2: Создавање на пријатно катче за одмор

Во „шарениот“ простор на дневната соба треба да има простор за рекреација. Обично во неа има кујнска аголна гарнитура, софа или аголна гарнитура . Позиционирањето може да биде спроти телевизорот за да можете да уживате во гледањето на омилените ТВ канали навечер. Може и да се одвои тивко катче, кое е релативно изолирано, така што да  мекиот мебел овозможува релаксација.

Ако одлучите дека ви треба кујнска аголна гарнитура , постојат различни опции. Кујнските аголни гарнитури што се на извлекување се одликуваат со нивната функционалност, многу модели од истите често се опремени со сандаци за складирање работи и облека. Некои модели се збогатени со сите видови на опции за удобност. Функцијата „спиење“ ја обезбедува седиштето на извлекување или паѓачкиот грб. Другите модели имаат лежалка со сандак и механизам за кревање на пружини, двострани перничиња за грб итн. Некои имаат вградена мини полица.

За тапацирање на ваков мебел се користи штоф со мазни и фини површини, исклучително пријатни на допир и лесни за одржување. Во исто време, тие имаат стилски изглед и „богата палета“ на опции за бои за тапацирот, која во некои случаи е еко-кожа. „Бонус“ се отстранливите навлаки за седиштата, потпирачите за грб и украсните перници.

Софите исто така се стандардни или со можности за продолжување. Постојат модели со вграден клик-клак механизам кој брзо се трансформира во удобен кревет. Некои пак се опремени со механизам за кревање гас (на самата лежалка).
Како материјал за тапацирање се користи еко кожа или полиестер. Самиот дезен  ги следи модните трендови, но во исто време овозможува одлична комбинација со останатиот мебел во дневната соба. Текстилот има пријатно мека и мазна површина, густа структура и висока отпорност на абење. Софите се достапни со различни украсни перници, а во некои случаи и со табуретки.

Идеја №3: Организиран работен простор

Најсоодветно место за ова катче е секако дневната соба. Стандардно во него треб да се вклучени биро и стол, кои можат да бидат од типот „канцелариски“, но можат да имаат комбиниран изглед – „во склад“ со трпезариските столчиња. Масите исто така се опремени и со разни „додатоци“.

Покрај стандардните опции, бироата се достапни и во комплет со полици, со фиоки или со дополнителна маса за тастатура. За да се одвои работната површина во некои случаи , на пазарот може да се најде и аголно канцелариско биро.

Интересна възможност за оптимизиране на пространството в дневната са комплектите бюро със секция. Така може да организирате работното си място - да подредите важните документи в папки или да създадете библиотека, която да има и декоративен ефект. Ако имате малко място обаче, може да изберете етажерките за стена, които също „разчупват” визията на стаята.

Интересна можност за оптимизирање на просторот во дневната соба е канцелариското биро со секција. На тој начин можете да го организирате вашето работно место - распоредете важни документи во папки или да креирате библиотека која ќе има дополнителен декоративен ефект. Доколку располагате со  мал простор, можете да ги изберете ѕидните полици, кои исто така го „креираат“ изгледот на собата.

Идеја №4: Фокус на секциите како главен мотив на дневната 

ТВ комодите и секциите за дневна соба секогаш имаат посебен статус во оваа просторија. Покрај тоа што овозможуваат складирање на различни неопходни работи и предмети, тие секогаш се оптоварени со естетска улога. Тие на својствен начин го „диктираат“ распоредот на мебелот. На нив често има назначено посебно место за телевизорот.

Овие парчиња мебел понекогаш се нудат во комплет со софа или со аголна гарнитура што се „поврзани“ со боја, употреба или дизајн. Посебно актуелни во последно време се секциите, шкаф-витрините или само витрините со LED осветлување. Вечерно време  целосно ја менуваат атмосферата во дневната соба, носат чуство на радост и луксуз.

Идеја №5: Зелен простор во дневната соба

Зеленилото и собните растенија можете да ги распоредите така што ќе бидат блиску до прозорецот или терасата. Можете исто така да си создадете катче кое ќе можете да го користите  за релаксација и уживање во глетката, како и за онлајн работа во креативна средина. Едноставно поставете помошна маса со две табуретки. Овде можете да се напиете кафе или пијалок и да уживате во глетката. Ако имате работа, лесно можете да го ставите лаптопот на канцелариската маса и да го преместите канцеларискиот стол. Промената на позицијата секако ќе ве наполни со креативна енергија.

При изборот на мебел за посебните области во дневната соба, не треба да заборавите дека сепак опремувате само една соба. Внатрешниот интериер треба да создаде чувство на пријатност и удобност. Бидејќи од распоредот на мебелот во дневната соба зависи тоа дали ќе се чувствувате како дома.

 

Следете не