Како да го изберете идеалниот тепих за Вашата спална: Практични совети и трендови | Велеа Хоум

 2023-12-28

Како да го изберете идеалниот тепих за Вашата спална: Практични совети и трендови

Подот во Вашата спална е исклучително важен за создавањто на потребниот комфор во просторот. Подлогата на подот е последното нешто кое Вашите стапала го допираат пред спиењето и првото нешто кое ќе го почуствуваат изутрина , станувајќи од Вашата топла постела.

Поради тоа изборот на тепих за спалната соба треба да биде основан според голем број барања, како што се соодветен материјал, димензии и последно , но и најважно естетската вредност. Секој вложен труд е корисен, бидејќи имањето на тепих во спалната соба има голем број на придобивки.

Зошто спалната соба со тепих нуди поголем комфор и хармонија

Една од придобивките од тепихот во Вашата спална соба е тоа што го изолира просторот од несаканата бучава. Колку е подебел тепихот, толку помалку звук ќе се шири од еден спрат на друг, а тоа со сигурност ќе Ви овозможи спокојност. Покрај тоа, создава и чуство на мекост што го прави многу погоден за просторијата каде што сакате да се  одморите.


Едно од најлошите чувства е кога ќе станете од топлата постела во студеното зимско утро и Вашите стапала веднаш ќе смрзнат од ладниот под. Со тепихот никогаш не треба да се грижите за тоа. Тој секогаш ќе биде топол и мек и ќе Ви го направи станувањето од кревет пријатно.

Што треба да знаете пред купувањето

При изборот на тепих за Вашата спална соба е добро да ги имате во предвид и неговите карактеристики, на кои што треба да обрнете внимание пред купувањето. Изборот на материјалот е од исклучителна важност, за да си обезбедите здрав сон. Теписите со долго влакно не се најсоодветни самата спална, бидејќи задржуваат прашина и алергени, кои предизвикуваат алергии. Решете се за природни материјали како волна, јута или памук. Тепихот во спалната соба може да биде изработен исто и од материјали како најлон, акрил или полиестер, што ќе го направат поотпорен на абење и лесен за одржување и чистење.

Секогаш прво земете ја во предвид текстурата и барајте неутрални бои, кои не привлекуваат внимание. Така , тепихот ќе игра дополнителна улога во разбувавување на ентериерот на Вашата спална.

Иако , е од клучно значење да се купи тепих, кој го дополнува ентериерот на собата, не треба да заборавите и на постоечките услови во самата соба. На пример, доколку до него допира директна сончева светлина во текот на денот , одберете модел од материјал со висока УВ отпорност, како олефин. Во спротивно неговите бои ќе избледат со текот на времето.

Друга важна карактеристика е квалитетот на самот тепих. Ако густината на влакната е мала, тоа значи помала отпорност на несакани ситуации како излевања или дамки. Теписите со поголема густина се карактеризираат со поголема цврстина и поквалитетна изработка, а резултат на тоа е и подобрата издржливост.

Да се направи разумн и поволно купување

Пред да се вљубите во совршениот модел на тепих од нашата веб-страна, препорачуваме да започнете со Вашиот буџет. Распределете ги правилно средствата за купување, на прво место одредете колку теписи или патеки Ви се потребни за Вашата спална соба. Токму така – често распоредот на мебелот во просторот создава повеќе празни простори кои треба да се покријат. Тоа може да биде просторот пред и од двете страни на креветот, ако е сместен централно во просторот. За таа цел измерете ги просторите што сакате да бидат покриени. Ако имате и ниски комоди, имајте во предвид дека отварањето на нивните врати или фиоки треба да е непречено, во случај тепихот да е ставен пред нив.

Не се грижете за доставата. Нудиме бесплатна достава за нарачки над 1500 денари.

Како тепихот го менува ентериерот на спалната соба

При изборот на тепих за спалната не треба се да се сведе само неговата практичност. Вие сепак сакате да си обезбедите и естески комфорт. Во однос на тоа, доколку не планирате често да правите промени во ентериерот, одберете некој класичен и неутрален модел, секако доколку тој се надополнува со постоечкиот мебел.

Но ако сте љубител на промени за Вас тепихот не е само подлога за подот, би можеле да правите посмели избори и да си ја освежите спалната соба со екстравагантност и разнобојна хармонија. Често кога мебелот во спалната е минималистичен , додатоците се тие кои вдишуваат  живот и креативна атомсфера во просторот.

Изборот на тепих за спалната соба не е лесна задача, бидејќи треба да земете во предвид голем број на фактори, како што е самата просторија, така и личните потреби. Од голема важност е и неговото одржување, кое во најмногу случаи зависи од видот на материјалот и начинот на кој се користи. Размислете за ова при носењето на одлуката, за да не станете роб на своите предмети. На крајот на краиштата тие треба да Ви служат на Вас и да  Ви го разубавуваат денот , а ние од Велеа Хоум сме сигурни дека можеме да ви ја обезбедиме потребната разновидност и квалитетната услуга.

Затоа што Вашиот избор е наша мисија.



Следете не