Како да изберете бои за дневната соба: Водич за удобен и стилски дом | Велеа Хоум

 2024-03-25

Како да изберете бои за дневната соба: Водич за удобен и стилски дом

Дневната соба е незаменлив дел од домот. Во многу домови, влезната врата се отвора директно во дневната соба, што го прави првиот простор што гостите го гледаат. Затоа изборот на бои за оваа соба е толку важен. Вистинската палета на бои го поставува тонот за вашиот животен простор и дава идеја за вашата личност.

 

Не сте сигурни од каде да започнете? Проверете ги нашите совети сега:

 

Освежете го вашиот простор: Совети за играње со бои и текстури

Започнете со тоа што го имате. Обрнете внимание на боите во ентериерот - од тапацирот на мебелот и теписите до украсните перници, ќебиња и уметнички слики. Ако преовладуваат неутрални бои, тогаш имате простор за изразување и можете да бидете посмели. На пример, гарнитурата можете да ја промените со избирање модел во светла боја.

Магијата на боите: Како да ја прилагодите просторијата според количината на природна светлина

 

Протокот на природна светлина во просторијата е од суштинско значење, особено за мали простори. Иако постојат многу начини да се направи темната соба да изгледа посветла, користењето побледи нијанси за ѕидовите и добро избраната гарнитура во топли неутрални, светло сини и зелени тонови, како и поживи како жолта и портокалова, може да ја разубават дневната соба, па дури и да направат да изгледа поголема. Овие бои ја привлекуваат светлината и ги енергизираат слабо осветлените простори.

 

Ако вашата дневна соба има многу прозорци, можете да користите потемни нијанси како темно сина, црна, бордо или ловџиска зелена. Овие бои можат да „апсорбираат“ дел од светлината доколку таа  е премногу и да ве натераат да се опуштите во навистина пријатна средина.

Водич за избор на главна боја за удобна и модерна дневна соба

 

Откако ќе ја процените моменталната шема на бои на вашата дневна соба и ќе го одредите нивото на природна светлина во просторот, доаѓа клучниот момент: изборот на главната боја за ентериерот. Оваа боја ќе доминира во сите фокусни точки на собата како што се ѕидовите и подот, тапацирот за мебелот, па дури и дел од декорацијата.

Препорачуваме да изберете најмалку два или три главни елементи за да ја истакнете избраната палета на бои низ собата. Ѕидовите нека бидат неутрални и додајте акцент со подебел тепих во дневната ,  што ги отсликува избраните бои. Користете големи парчиња мебел како гарнитура, фотелја или лежалка со соодветна нијанса на тапацир. Ентериерот надополнете го со декорации во исти бои. Ова се само неколку идеи, но можете да се инспирирате и да создадете други фокусни точки и  да ги „облечете“ во избраната боја.

Боите како алатка за дизајн: Совршена палета за вашата дневна соба

 

Најдобрите бои за дневната соба ја балансираат основната боја со една или повеќе секундарни нијанси. Ова додава визуелна димензија и ја претвора просторијата во интересен проект за дизајн. Правилно избрани, овие дополнителни бои можат да  направат главната да се истакне. Ако изберете бела како главна боја, можете да додадете топлина и длабочина во просторот со користење на кафени нијанси во декорот и малиот мебел, како и со избирање на клуб маса или полица  во соодветни тонови. Ова ќе биде една бела дневна соба со топло, земјено чувство.

Контрасти во ентериерот: Комбинирајте нијанси за елеганција и уникатност

 

Елегантната комбинација од  две или три контрастни бои може да создаде стилски дизајн и чувство на симетрија. Започнете со основна боја за целокупната шема и додајте контрастни нијанси преку соодветниот мебел и додатоци. Ако сакате да постигнете чувство на раскош, експериментирајте со вградување златни и сребрени нијанси во декорот и додатоците.

 

Експлозија на бои: Како смело и стилски да ги комбинирате нијансите

 

Дали ви се допаѓаат боите? Тогаш не се ограничувајте на одредена палета на бои. Измешајте и спојте ги боите за да создадете живописен декор. Еве неколку идеи за ова: поставете разнобоен тепих, декорирајте со перници, завеси или шарени тапети. Сите овие површини се надополнуваат една со друга и се совршен начин да се создаде повеќеслојна палета на бои.

 

Експертите за ентериер дури идентификуваа одредени бои како исклучително погодни за дневна соба. Еве што споделуваат:

 

- Зелената палета на бои вдишува свежина во домашниот декор и одлично се комбинира со природните нијанси на дрвото.

 

- Универзалната сино-зелена боја има смирувачка привлечност.

- Сивата боја носи спокојно и префинето расположение, кое е погодно за една модерна дневна соба.

- Сината боја создава чувство на смиреност, но и на одмерен луксуз и богатство.

- За смела визија комбинирајте црна со бела или контрастна боја.

- Боја „рѓа“ е меѓу култните понуди за 2024 година, која може да се користи како главна позадина, на пример, за бојадисување на вашите ѕидови во неа.

 

- Жолтата зрачи со топлина и ја енергизира просторијата, како и портокаловата. Ова се бои на расположението.

 

- Кремавото бело се враќа уште постилски од кога било, давајќи му на вашиот дизајн свеж и модерен изглед.

 

- Кафеавата е топла, разновидна нијанса која одлично се комбинира со различни други бои. Тоа е исто така добра основа за надградба.

А сепак, најважно е да имате сопствено чувство дека тоа се Вашите бои. Бидете креативни и дајте му слобода на вашето чувство за комфор! И не заборавајте, Велеа Хоум е тука да ве поддржи во изнаоѓање на совршен мебел и додатоци кои ќе придонесат за идеалната атмосфера во Вашиот дом.

Следете не