Инспирација за домот во 2024: Стилски трендови и практични решенија | Велеа Хоум

 2024-02-19

Инспирација за домот во 2024: Стилски трендови и практични решенија

Новата година секогаш започнува со нови идеи и нови планови за опремување. И тоа е сосема разбирливо, бидејќи кога сакаме промени за себе, нашиот дом не е исклучок. Тој исто така, заслужува да се освежи и да не разгалува со нова, попријатна средина.

Кои се актуелните и буџетските трендови со кои можете да го трансформирате вашиот дом ќе дознаете во следните редови. 2024 година е година на Дрвениот змеј и ветува вртоглави промени во речиси секоја сфера од животот. Астролозите ни ветуваат успех во секој нов потфат, тука се вклучени  и дизајнирањето и изградбата на нов дом.

Кујната е срцето на секој дом: Идеи и практични иновации

Без разлика на големината на вашиот дом, при планирањето на неговото опремување, посебно внимание секогаш се посветува на кујнското катче. Но, честопати готовите решенија на дизајнерите и проектантите не одговараат целосно на индивидуалните барања. Изградбата на кујна според индивидуален проект е скапа работа, но има голем број на предности.

Меѓутоа, доколку немате доволно голем буџет, но барате кујна „по мерка“, тогаш модуларните кујни се одлично решение за вас. Тие се резултат на модерните трендови во дизајнот и во никој случај не се инфериорни во однос на дизајнерските кујни. Удобни и практични, нивните модели се разликуваат во разновидност од модули. Имате можност да изберете помеѓу различни материјали и бои, правејќи комбинации по ваш вкус.

Модуларната кујна е одлична опција кога располагате со одреден простор. Тогаш можете да ги комбинирате различните модули и да го пронајдете вистинското решение за Вас. Речиси секој модел на модуларни кујни Велеа Хоум има скоро 60 различни модули! Имајќи слобода во изборот на декори, димензии и функционалности, ќе ја најдете кујната за која отсекогаш сте сонувале.

Модерна дневна: Како модуларниот тапациран мебел внесува комфор во Вашиот дом

Како што веќе спомнавме, годината не поканува на нови и храбри одлуки. Дали сте уморни од едноличните трендови и стандардните софи и аголни гарнитури? Ако одговорот е „Да“, продолжете да читате.

Време е да ги разбиете стереотипите и да ја освежите вашата дневна соба, давајќи и простор и поголема удобност. Модуларниот тапациран мебел може да ви обезбеди толку многу различни опции. Но, што тој всушност претставува?

Замислете различни модули како софа двосед, аголен модул од типот „лежалка“, фотелја без потпирачи за раце и аголна фотелја. Можете да ги поставите на различни места, но можете и да ги комбинирате во една заедничка аголна гарнитура. За уште поголема еклектичност, изберете го секој модул во различна боја.

Модулирајте ја вашата дневна соба со вкус! Погледнете ги предлозите на нашите дизајнери и одберете го вистинскиот концепт во опремувањето за Вас.

Мултифункционална клуб маса: Практично решение за секој дом

Мултифункционалната клуб маса се етаблира како голем тренд во последните месеци и е сè побарано парче мебел. Трендовите во 2024 година се насочени кон нови и модерни решенија за ентериерот кои заштедуваат простор и се одликуваат со голема удобност. Овој вид на маса е еден од нив. Може да се протега и во должина и во висина, достигнувајќи стандардна големина на трпезариска маса. На овој начин ќе бидете подготвени за голема вечера со пријателите без да мора да ја менувате масата.

Мултифункционалната клуб маса е одлична опција за мала дневна соба, каде што нема простор за трпезарија. Може да стои во стандардна големина пред гарнитурата, а по потреба со само неколку кратки движења може да се претвори во трпезариска маса за целото семејство.

Новите бои во ентериерот: Стилски трендови и решенија

Оваа година дизајнерите дефинитивно го свртеа своето внимание кон палетите на свежи бои. Како повик за будење од последните години, кои беа обележани со пандемија и меѓународни конфликти, оваа година експертите сакаат да оживеат сè , повеќе од кога било. Земете овошен сад со цитрусни плодови - портокали, грејпфрути, киви, лимони и додадете нане за допир на раскош! Нема да погрешите ниту со овие палети на бои во вашиот ентериер. Не случајно новата боја на Институтот Pantone е Peach Fuzz. Топло, пријатно, сензуално и срдечно, повикувајќи кон блискост и поврзаност.

Стил во бањата: Елегантни детали и спектакуларни акценти

Може да се трансформира и местото каде што се тушираме. И затоа не е потребен многу труд, само малку имагинација и доза одмерен вкус за детали.

Огледалата со LED осветлување се еден од најпосакуваните додатоци. Тие се елегантни и иновативни ентериерни акценти кои додаваат повеќе светлина во малиот простор. Некои модели имаат вградени технологии како грејач против замаглување и екран на допир. Тие можат да светат околу и позади површината на огледалото, повторно создавајќи го ефектот на затемнувањето на Сонцето.

Бањата може да се освежи и со нови додатоци за тоалет или корпа за перење со интересен принт. Доколку имате доволно простор, можете да додадете и полица од типот на „скала“ со додатоци и сукуленти растенија за декор.

Со доза на инспирација, практичност и желба за промена, со малку пари би можеле да постигнете неверојатни промени во вашиот дом. Погледнете ги предлозите на нашата страница за повеќе идеи!

Следете не