ШТО ЌЕ БИДЕ НОВО ВО ЕНТЕРИЕРОТ ЗА 2024 година? | Велеа Хоум

 2024-01-26

ШТО ЌЕ БИДЕ НОВО ВО ЕНТЕРИЕРОТ ЗА 2024 година?

Уште од крајот на минатата година, експертите се натпреваруваат со своите предвидувања за новите трендови во ентериерот за 2024 година. Годинава ветува да биде богата со бои и разновидни на стилови, со лесен наклон на различни периоди од минатото.

Инспиративни бои за ентериер во 2024: Меки, слатки и тропски тенденции

Нежни, слатки и малку несозреани, праските и кајсиите се доминантните нијански во предвидувањата за трендовите на боите во домот  за  2024 година. Извршниот директор на Институтот за бои Пантоне ја опиша новата боја на годината Peach Fuzz, како "зрачи со топлина и модерна елеганција". Џема Риберти, раководител на ентериерот во агенцијата за прогниозирање на трендови WGSN, споделува дека нејзиниот тим обрнал внимание на портокаловата боја. Тие ја забележуваат таа појава како "освежувачка и блескава во секторот " и како енергична алтернатив ана традиционалните бои. Бојата на годината за 2024 г. за WGSN  - Apricot Crush "лесно се комбинира со неутрални и природни бои и е погодна за текстил, стакло, производи за бања и спална соба", вели Риберти.

Експертите обрнуваат внимание и на тиркизните тонови и можностите за нивното комбинирање со нијанси на праска. Овие комбинации создаваат тропски чувства и дозволуваат поголем опсег и слобода во опремувањето.

Метал симфонија: Враќање кон класиката во домашното декорирање

Враќањето кон основните елементи како хром, челик и алуминиум,  се меѓу врвните трендови за уредување на домот за 2024 година. Некои експерти гледаат на ова како природна последица на преоптоварувањето со земјени тонови на почетокот од 20-тите години. Металните облоги повеќе не се белег само на индустријата. Всушност, поради нивниот рефлективен ефект, металите имаат способност да ја "засилат" атмосферата создадена во просторијата.

Инспирација од накит: Интензивни нијанси и стил во дизајнот на домот

Богатите нијанси на скапоцените камења и даваат на палетата на дизајнерските трендови од 2024 година чуство на кадифена мистерија. Според експертите, тоа делумно се должи на неодамнешната доминација на неутрелните бои во ентериерот. Годинава е ветувачка за похрабрите. Луѓето сè повеќе повторно ги откриваат боите во своите домови и имаат тенденција да експериментираат со нив. Тоновите на скапоцените камења се во првите редови на оваа промена. Како израз на благосостојба и просперитет, овие нијанси може да се вклучат како акцент или да завземат централен дел на просторот.

Земајќи ја во предвид бојата на килибарот - впечатлива и многуфункционална нијанса, исклучително погодна за вашата трпезарија. Исто така, размислете и смарагд зелената боја, која може да стане стилски контраст  во вашата дневна соба, во форма на фотелја или софа.

Магија на бои  во домот: Романтични идеи за дизајн во 2024 година

Романтизмот не е резервиран само за 19-ти век или 80-тите години од минатиот век. Навикнати сме да го дефинираме романтичниот дизајн како клише олицетворение на Денот на вљубените. Но, тој може да ни понуди многу повеќе од црвената, розовата, панделките и тантелите. Всушност, експертите ни ја отвораат вратата со екстравагантност од големи расцветани цветови. Од перници и постелнина до килими – ја гледаме ботаничката инспирација да се интегрира во сите текстилни производи. Оваа година светлите бои и цветниот максимализам ќе го завземат своето место во ентериерот без никакви компромиси.

Но романтизмот не се крие само во цветовите. Носталгијата за минатото и желбата за љубов и среќа се рефлектираат и во голем број на предмети, со кои може да го украсите вашиот дом како свеќници, лампи, декоративни фигури и вазни.

Стил и слобода во домот: Промени во ентериерот за максимално задоволство

Не е важно само што да вклучиме, туку и што да исклучиме од ентериерот на нашето живеалиште. Како што веќе споменавме, 2024 година ќе ни донесе многу слобода и поврзаност, барем според експертите во областа на ентериерниот дизајн. Затоа е добро раскинете со сè што е во апсолутен ред. Посветете се на вашата фантазија, следете некои едноставни правила за уредување и воала – имате простор со стилски микс на мебел, дури и ако тие не се од една иста серија. Но затоа пак тие совршено се надополнуваат и просторот блеска  како никогаш досега.

Мебелите со само една функција исто така повеќе не е во мода. Затоа, дизајнерите стануваат сè поинвентивни во нивната потрага да ни заштедат време и простор. Размислете и вие, што завзема премногу простор во вашиот дом, а истовремено не ви е од корист.

Ако сакате да го оптимизирате просторот во дневната соба, зошто не размислите мултифункционална клуб маса на продолжување, која многу лесно може да се претвори во трпезариска маса, кога ќе посакате? Замислете само – една маса, која заменува две во една соба! И тоа ако не е уникатно!

Новата 2024 година повторно нè поттикнува да креираме во голем обем и доза креативност. Слободата во донесувањето на ентериерни решенија подразбира повеќе можности, но и светските трендови имаат што да нè научат, за да останеме во чекор со новото време.

Следете не