Duo Sense

120/200, двостран

16100 ден

Овој производ нема можност за корекции од страна на клиентот

Избор

Бесплатна достава: 15 дена. Доставата се врши до најблиското можно место до влезот на зграда или вратата на дворот дома.

Двостран душек Duo Sense :
Душекот е погоден за механизам за подигнување со сила од 750N.
Карактеристики:
- височина 19 см (+/- 1 см)
- ортопедски душек со различни по цврстина страни
- дополнителен слој 3 см. мека високо еластична пена
- јадро од потврда пена за стабилна поддршка
- текстил со високо ниво на проветливост
Цврстина: над умерената
DuoSense е тврд, двостран душек. На помеката страна на душекот се додадени 3 см. мека пена. Погоден е за оние кои бараат стабилна ортопедска потпора во положба за спиење на страна. Од другата страна на душекот чувството е за цврста ортопедска основа и стабилна потпора на целото тело. Потврдата страна е погодна за спиење на грб. Јадрото на DuoSense е направено од 16 см. пена со долготрајна издржливост. Телото добива стабилна потпора на главните точки во контакт со душекот - рамената, карлицата и нозете, што обезбедува правилна положба на спиење со исправен 'рбет.
Антиалергичниот текстил обезбедува сува средина за спиење и спречува задржување на влага во душекот. Високата проветливост овозможува постојана циркулација на воздухот и спречува задржување на прашина.
Сите душеци од iSleep се двострани и може да се вртат и ротираат, што придонесува за нивен подолг период на употреба. Двостраните душеци се поставени врз рамката за душек со ламели кои овозможуваат слободна циркулација на воздухот.
Обрнете внимание!
Дозволени се отстапувања или разлики од веќе постоечките бои на различните типови ткаенини / декори со оние на екранот на вашиот уред.
Душеците на iSleep се спакувани во вакумирана ролна, што ги одржува совршено чисти додека не се отворат.
Душекот задолжително отворете го и растегнете го пред крајниот рок наведен во пакувањето. Душекот Duo Sense ја има посакуваната форма и големина 24 часа по растегнувањето.
Постојана изложеност на директна сончева светлина може да доведе до промени во изгледот и квалитетот на мебелот.
Поставете го мебелот најмалку 50 см од кој било радијатор или силен извор на топлина.
Овој вид на оштетување на интегритетот на производите НЕ е покриен со нивната гаранција.
За повеќе информации, прочитајте ги поглавјата КАКО ДА НАРАЧАТЕ и УСЛУГИ.
Број на пакети: 1 (120/200)
Пакет 1: 130/30/30 см., тежина 19 кг.

 

Модел Цена за монтажа Цена на качување прв, втор спрат или со лифт (ако е возможно) Качување за секој следен кат
Duo Sense 200.00 ден. 300.00 ден. 100.00 ден.

Цената за монтажа е посочена на секој производ посебно. Во случај, цената на еден производ или вкупната сума на сите изберени производи на клиентот за монтажа е под 1500ден., клиентот плаќа минимална такса од 1500ден.

Цената за качување е посочена на секој производ посебно. Цената за качувањето се одредува врз основа на реалните нивоа/катови што треба да ги покрие групата која ја извршува услугата. Имајте предвид дека се наплаќа такса за приземје, иако тие можеби не се нумерирани во вашата зграда. Во случај цената на еден прозивод или вкупната сума на сите производи изберени од клиентот за услугата за качување да биде помала од 1400ден., клиентот плаќа минимална такса од 1400ден.

Често се купуваат заедно:
Слични производи
Последно видени

Следете не