Спална Бенито за двостран душек 160/200 | Велеа Хоум

Бенито

Тапацирана спална , светло беж

35500 ден
28500 ден*
*Со картичка Велеа Хоум

Овој производ нема можност за корекции од страна на клиентот

Бесплатна достава: 7 дена. Доставата се врши до најблиското можно место до влезот на зграда или вратата на дворот дома.

Тапацирана спална Бенито.
Креветот е погоден само за двострани душеци 160/200. Креветот е достапен со подлога за душек - букови ламели.
Не може да се користи механизам за подигнување на душекот.
Димензии:
- L180 B210 H20/100 см.
Лицев материјал:
- текстил
Тапацир:
-дунапрен, вата, дополнителни тапацирски материјали
Конструкција:
- МДФ, цврсто дрво, метални аголни плочи
Во светот на спалните има еден репер за удобност и тоа е тапацираната спална. Моделот Бенито е пример за спална со модерен дизајн и исклучителен квалитет на изработка. Структурно засилената рамка на спалната обезбедува сигурност при зголемено оптоварување. За да го гарантираме Вашиот душевен мир дополнително се зацврстени аглите и задебелени рабовите. Ткаенината со која е тапацирана спалната е цврст и еластичен материјал, со висока отпорност на абење и лесна за одржување. Основата за душекот се состои до посебни ламели, кои се поставени по редослед посочен на шемата за монтажа. Изработени се од слоесто буково дрво кое се карактеризира со висока цврстина и издржливост. Ламелите се фиксираат со помош на стеги кои не дозволуваат поместување при употреба. Спалната се доставува во цврсто и лесно за носење пакување со лесни инструкции за монтажа.
Обрнете внимание!
Дозволени се отстапувања или разлики од вистинските бои на различните типови ткаенини / декори со оние на екранот на вашиот уред.
Во цената не е вклучен душекот. При распакување на мебелот, не препорачуваме употреба на остри предмети и сечила, заради можноста за сечење или оштетување на површините.
Постојана изложеност на директна сончева светлина може да доведе до промени во изгледот и квалитетот на мебелот. 
Поставете го мебелот најмалку 50 см од кој било радијатор или силен извор на топлина.
Овој вид на оштетување на производите НЕ е покриен со нивната гаранција.
За повеќе информации, прочитајте ги поглавјата КАКО ДА НАРАЧАТЕ и УСЛУГИ.
Одржување: За одржување на еко кожата и ткаенината , користете крпа од микрофибер натопена во раствор од млака вода и неутрален сапун.
Број пакети: 2
Пакет 1: 186/10/104 см., тежина - 15 кг.
Пакет 2: 212/24/23 см., тежина - 60 кг.

 

Модел Цена за монтажа Цена на качување прв, втор спрат или со лифт (ако е возможно) Качување за секој следен кат
Бенито 1320.00 ден. 1440.00 ден. 400.00 ден.

Цената за монтажа е посочена на секој производ посебно. Во случај, цената на еден производ или вкупната сума на сите изберени производи на клиентот за монтажа е под 1500ден., клиентот плаќа минимална такса од 1500ден.

Цената за качување е посочена на секој производ посебно. Цената за качувањето се одредува врз основа на реалните нивоа/катови што треба да ги покрие групата која ја извршува услугата. Имајте предвид дека се наплаќа такса за приземје, иако тие можеби не се нумерирани во вашата зграда. Во случај цената на еден прозивод или вкупната сума на сите производи изберени од клиентот за услугата за качување да биде помала од 1400ден., клиентот плаќа минимална такса од 1400ден.

Слични производи
Последно видени

Следете не