КАКО ДА ВНЕСЕМЕ СВЕЖИНА ВО ДОМОТ СО НОВАТА БОЈА ЗА 2024 ГОДИНА НА ИНСТИТУТОТ  PANTONE | Велеа Хоум

 2024-01-26

КАКО ДА ВНЕСЕМЕ СВЕЖИНА ВО ДОМОТ СО НОВАТА БОЈА ЗА 2024 ГОДИНА НА ИНСТИТУТОТ  PANTONE

Експертите од Институтот за боја Pantone Color Institute уште еднаш ги изразија своите пораки до светот за оваа година, избирајќи ја за боја на 2024 година бојата Peach Fuzz – кадифена мека праска, чиј сеопфатен дух ги збогатува срцето, умот и телото. Оваа нијанса  помеѓу розевата и портокаловата е  број 13-1023 во палетата на бои и дефинитивно е остар контраст на минатогодишната светла и заситена Viva Magenta.

Новата софистицирана понуда носи чуство на добрина и нежност, пренесувајќи желба за грижа и споделување. Таа е истовремено свежа, пријатна, шармантна и чувствителна. Хармонична е бидејќи може да се поврзе во елегантна комбинација со речиси секоја боја , независно од разликите. Токму тоа е една од главите пораки за континуитет и разбирање меѓу нас.

Затоа, како да ја користите оваа боја во светот на модата, уметноста, мултимедијата и другите, специјалистите подготвија детални водичи за комбинации на бои. Ние, сепак, ќе ви кажеме нешто повеќе за тоа како да ја внесете Peach Fuzz во опремувањето на вашиот дом.

"Удобна нијанса на праска, нежно сместена помеѓу розева и портокалова, PANTONE 13-1023 Peach Fuzz носи припадност, нè иснпирира да се усогласиме, креирајќи атмосфера на смиреност, нудејќи ни место каде можеме да бидеме, чувствуваме, заживуваме и напредуваме, без разлика дали го поминуваме времето со други или си посветуваме време самите на себе да уживаме во моментот", вели Леатрис Ајземан, извршен директор на Институтот за боја Pantone Color Institute.

Бојата блеска со благо намигнување кон минатото, изразувајќи љубов кон ретро ентериерот, но истовремено е доволно "отворена" и "приемлива" за новото, нудејќи неверојатни решенија за уредување и трансформација на секој дом. Оваа нијанса претставува совршен баланс помеѓу топлото и ладното, што ја прави идеална боја за акцент во секоја палета на бои.

Започнете со акцентирање на ѕидовите во Вашиот дом

Оваа неутрална боја е на пат да стане една од трендовите во ентериерните  бои за 2024 година. Оваа вкусна доза на праска може да биде акцент во некоја од собите, со бојадисување на  само еден од ѕидовите или покривање со соодветен тапет. Изборот да се бојадиса целата просторија исто така ќе биде правилно решение , затоа што незината мекост ќе овозможи комбинација со речиси секоја друга боја.

Експериментирајте со тапациран удобен мебел и додатоци

Без сомнение, најлесниот начин да се вгради нова акцентна боја со секоја соба е да барате нов и удобен тапациран мебел. Тоа може да биде удобна фотелја или софа, трпезариски столови со нов тапацир "во боја на праска" или дури целосно нова аголна гарнитура за дневната соба.

Доколку, пак, барате помали дози од оваа боја, може едноставно да украсите  со декоративни перничиња, ќебиња и покривки. Експертите препорачуваат ткаенини со суптилна мекост и чуство на луксуз, како што се кадифе, велур, ватирани и меки текстури.

Одделете време трансформирајте го текстилот во вашиот дом со топлите нијанси на Peach Fuzz. Најлесно би било да започнете со спалната соба, така што ќе ја осветлите со со нов комплет на спална постелнина. Со менување на постелнината можете да ја обновите палетата на бои и да ја освежите целата спална соба. Дополнете го ентериерот со меко ќебе, во кое можете да се замотате било кога за краток одмор преку денот, без да мора да го разместувате целиот кревет.

Доколку сакате да ја пречекате Peach Fuzz, но на поинаков и модерен начин, кој ќе донесе свежина и индивидуалност во вашиот декор, одберете елегантно парче мебел како комода, столче или тоалетна маса во оваа боја. Оваа пријатна боја на праска е доволна да додаде карактер, без да изгледа препотентно.

Додајте комфор и топлина на Вашиот под

Кога станува збор за уредување на домот, тепихот е еден од начините да го изразите целосно вашето „јас“ и вашиот вкус. Тој може да биде акцентот кој внесува доза на стил во , без да биде поврзан со висока цена.

Бидејќи подот е функционална и скапа инвестиција, честопати тежнееме да не земаме голем ризик во изборот на бои , што е разбирливо. Но со тепихот можете да додадете онолку индивидуалност и тонови, колку што посакувате, и исто така можете да го смените во секое време.

Храброста и одлуките за промена зависат од Вас, а креативните предлози се наша работа!

Новата боја за 2024 година ни носи нежна леснотија и ефирно присуство, што не воздигнува кон иднината. И ова не е случајно. Специјалистите од Институтот Pantone со многу труд и истражување стигнале до оваа нијанса на  праска, која ќе донесе чуство на заедништво, споделеност и емпатија.

Следете не